image image image image image
Природа Слики со мотиви на цвеќе и природа, инспирани од секојдневниот живот на Анкица. Во креациите преовладуваат топлите бои, а најчесто рефлексија на боите им дава дневната светлина или сонцето. Сликите се изработени со маслени бои на платно.
Портрети Портрети од масло на платно. Ликовите се најчесто реални. Сликите зрачат со сензуалност и смиреност, а нивната цел е да пренесат топли пораки. Изработка на портрети може да биде и преку онлајн порачка.
Нови Форми Апстрактни уметнички творби. Активен визуелен пресек на сликите во повеќе квадранти, но задржана е основната перпектива. Преовладуваат природните форми и топлите бои. Најчести теми на сликање се цвеќето и природата.
Изложби Презентација од изложби на уметнички дела на платно, дрво, портрети, пејсажи, нови форми, ликовна техника.

Икони Креации на икони автентично изработени со маслени бои на дрво. Различни креации на икони од познати личности по желба на уметникот, со задржана симболика и мотиви. Овозможена е онлајн порачка за изработка на икони, како и нивна достава до купувачите.
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

За Art Gallery

ArtGallery e Онлајн Каталог креиран за онлајн прикажување и продажба на слики на масло изработени од Анкица Стојаноска. Анкица која по професија е Ректор на Економскиот Факултет во Прилеп, а со уметност се занимава од пасија уште од 1999 година. Во нејзините слики претежно преовладуваат топлите бои каде е претставена природата и цвеќето. Таа ги избира своите теми иснпирирана од секојдневниот живот.

Преку овој сајт Ви нудиме преглед како и продажба на слики. Исто така нудиме и изработка на слики, портрети и икони по нарачка.

Во цените на сликите е вклучен ДДВ. Цената за достава накнадно се пресметува.